Сместување во Хотел Монтана

Огромен хотел, со 77 соби од различен тип, со извонреден поглед над Крушево. 

  • Double room in Krusevo
  • Triple room in Krusevo
  • Twin Room in Krusevo
  • Twin Room in Krusevo
  • Bathroom
  • Double room Studio in Krusevo
  • One bedroom from studio in Krusevo
  • Another bedroom from studio in Krusevo
  • Studio Bathrooms
  • Luxury Studio in Krusevo
  • Luxury Studio Bedroom in Krusevo
  • Дневна соба од луксузно студио
  • Economy single room in Krusevo
  • Bathroom
  • Hotel Hall
  • Hotel Hall
Hotel Wi-Fi
Супер брз WiFi

Користењето на Интернет е 100% бесплатно, без лимит на брзина, и без лимит на спуштање или прикачување, низ нашето брзо WiFi со добра покриеност низ целиот хотел.

Breathtaking view from most of our rooms
Спектакуларен поглед

Повеќето од нашите соби гледаат врз Крушево од висока точка, произведувајќи спектакуларен поглед врз градот кој што наликува на гнездо, изграден од естетски освестените предци за време на Отоманската Империја. 

Хотел Монтана Палас има 77 прекрасни соби за сместување, опремени да ги задоволат потребите на современиот турист. Ако сте заинтересирани за бројот на секој тип на соба, еве една добра табела за вас:

Тип на соба Количина Дополнителни информации
Двокреветна соба 39 соби Имаат опција за користење како еднокреветна соба и различна цена ако се резервира така. Опција со еден француски кревет или два единечни кревети.
Трокреветна соба 16 соби  Има опција за еден француски кревет + единечен кревет, или три единечни кревети.
Четирикреветно студио 13 студија  Прикладно за семејства бидејќи една од собите е спремна за деца. Нема студио со поглед на градот. 
Луксузно студио 5 луксузни студија Може да смести само двајца, но има екстра дневна соба каде што навистина можете да уживате во погледот и во вашиот престој. 
Економик соба 4 економик соби Соодветно за кратки престои на буџет. Никоја од овие соби нема поглед на градот.

Што можам да очекувам да најдам во една соба?

Нашата цел е да понудиме се што може да му треба на патник со малку багаж. Следново може да го очекувате во нашите капацитети за сместување:

Погодности Дополнителни информации
Клима Никогаш не е потребна
Бања Приватно во секоја соба.
Постелнина Чисти и се менуваат секој втор ден.
Појадок Вклучен со секоја резервација. Надградба до вклучена вечера и/или ручек е исто така можна. 
Маса и столче Најчесто до креветот.

Лифт

До секој кат, освен петиот кат, каде што има само едно Луксузно студио.
Екстра лаптоп Достапно со барање - базичен лаптоп за лесна канцелариска работа.
Фрижидер Достапно со барање.
Фен за коса Достапно во секоја бања.
Греење Достапно во секоја соба, а повеќето соби имаат и индивидуални контроли.
Складиште за багаж Достапно во секоја соба. 
Перници Две перници по гостин.
Телефон Достапно во секоја соба и можност за директна конекција по барање.
Собна услуга Достапно, без дополнителен трошок.
Опрема за шиење Достапно со барање.
Влечки Пар влечки по гостин за една употреба. 
Полиса за пушење Забрането пушење во сите од собите. 
Тераса Сите соби, освен 6 од двокреветните соби и сите економик соби. 
Прибор за лична хигиена Еден шампон, сапун & капа за туширање по гостин на ден.
Телевизор и кабелска конекција Во секоја соба, со листа на канали вклучени во нашиот глосар.
Повик за будење Достапно со претходно барање на рецепција.
Wi-Fi Бесплатно, неограничено WiFi со силен сигнал во секоја соба.
Вие Никој не е поважен од Вас. Слободно прашајте за што и да ви треба.

Каде се цените за сместување?

Бидејќи имаме варијабилни цени, не би било практично да ја оптеретиме страната со илјадници цени за секоја комбинација што би можела да ви треба. Имањето варијабилни цени значи дека добивате различна понуда во зависност на денот што сакате да го резервирате, типот на соба, должина на престојот, број на луѓе во собата итн. 

Варијабилни цени за сместување

Слободно кликнете резервирај сега, и одберете ги посакуваните опции за да ги видите цените.