Бесплатен паркинг

Крушево е изградено во време кога коли не можеле ни да се замислат, па луѓето немале потреба да оставаат простор за паркинг. Кога престојувате во Хотел Монтана, можете да бидете во Крушево без да го искусите проблемот со паркинг. 

Parking Map

Мапа за паркинг

Inside Street Parking
Outside Street Parking

Кога престојувате во Хотел Монтана никогаш не морате да се грижите за паркинг. Нашиот бесплатен паркинг е јавен, засега немаме опција за приватен паркинг. Дури и ако организирате група што доаѓа со автобус има доста место. Улицата е претежно користена од гости на хотелот и ретко за други намени, па можете да очекувате многу малку сообраќај. Колите и другите возила никој не ги вознемирува. Во случај на огромни настани кога паркингот на улица е преполн, во близина има игралиште кое го користиме за паркинг.

Дел од паркингот на улица е под видео надзор, а работиме кон видео покриеност на целиот паркинг простор. Паркингот е целосно бесплатен за нашите гости во хотелот. Доколку имате повеќе багаж можете да возите до пред влезот на хотелот и да се растоварите и со багаж и со Вашите сопатници од кола и потоа да се паркирате на паркинг. 

Бесплатен паркинг во зимски услови

Во текот на зимата Крушево е предел со многу снег. Сите патишта до Крушево се важни магистрали и се регуларно одржувани. Зимски гуми се задолжителни за да можете да возите. Ако немате зимски гуми со закон мора да имате зимски ланци. Внимателно, возилата со заден погон имаат проблем при качување на планина, особено ако гумите не се зимски.

бесплатен паркинг исчистен од снег пред Хотел Монтана

Ние регуларно го одржуваме нашиот паркинг, се грижиме секогаш да има слободен паркинг простор без снег. Ние исто така се осигураме вашата кола да може да го напушти паркингот и да се упати кон дома. 

Национален празник Илинден

Доколку одлучите да не посетите за време на нашиот Национален празник Илинден, Ве молиме имајте предвид дека условите за паркинг може да се сменат, и може да бидете одведени да паркирате малку настрана од хотелот. Во случај да има ваква одлука официјално полициско лице ќе Ве информира и ќе одведе до Вашата паркинг дестинација. 

Резервирај сегаНавигација до нашиот хотел