Уживајте во вкусната традиционална храна, со состојки купени од локалните пазари.
Нашиот мал град Крушево има долга традиција за домашна храна. Има уште повеќе луѓе што уживаат во неа. Имаме рецепти кои се враќаат назад низ вековите и нудат уникатни продукти. Ако сакате да започнете разговор, темата храна е секогаш добар почеток.
Домашната храна што ја спремаме во нашиот хотел е целосно подготвена во хотелот. Систе состојки се купени на локалните пазари. Ставаме приоритет на квалитетот на состојките пред се друго. Кифли, колачи, ѓевреци, многу видови на домашни слатки, торти, зготвена храна, се е припремено од нашиот посветен тим на готвачи.
Нашата презентација на храната е на сличен начин забележлива. На местото на нормални чинии, користиме чинии од глина што се користеле во не баш блиската историја. Тие и даваат на храната посебен вкус. Маса со храна сервирана во чинии од глина ќе го привлече вниманието на секој и сите ваши гости ќе го памтат тој момент.
Нашето мени содржи многу врсти на храна како: многу видови на предјадења, многу видови на салати, скара, Италијанска храна и најважниот дел е домашно зготвената храна. Исто така имаме и многу ставки за десерт подготвени во хотелот од традиционални рецепти. Имаме и голема разноликост на мали домашни слатки кои што ќе Ви го заблажат денот.
Домашна храна за групи
Кога имате група работите се уште подобри. Успеавме да најдеме начин да ја донесеме нашата традиционална храна на шведскиот стол. Вие и Вашите гости ќе уживате во многу видови на бавно зготвена храна, на самото место. Вашите гости ќе имаат можност да пробаат разни ставки од оваа храна. За оваа цел набавивме големи глинени садови. Им дава екстра чувство на нашите гости дека навистина се дојдени во нашиот дом.